Новата објава на снимка од сетот на филмот „It Ends With Us“ би можела во голема мера да го промени правниот спор помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони.
Имено, Балдони, кој во филмот беше режисер и главен актер, навел дека ова видео ги доведува во прашање претходните тврдења што Лајвли ги изнела во тужбата против него.
Според судските записи, тимот на Балдони предал во судот избришана сцена во која се гледа дека Лајвли за време на снимањето импровизирала бакнеж, иако во своите обвиненија тврдеше дека импровизирањето интимни сцени претставува дел од сексуалното вознемирување на кое била изложена на сетот, пренесува „TMZ“.
Снимката е направена во мај 2023 година и ја прикажува Лајвли како му приоѓа на Балдони во болнички ходник, го фаќа за рацете и го бакнува. Правниот тим на Балдони тврди дека овој момент не бил дел од сценариото и дека актерката самата го додала.
Блејк Лајвли во декември 2024 година поднесе тужба против Балдони, обвинувајќи го за сексуално вознемирување, одмаздничко однесување и намерно нанесување емоционална штета. Балдони решително ги отфрли сите обвиненија.
Во тужбата таа навела дека по враќањето на сетот во јануари 2024 година јасно побарала нови правила за снимање, меѓу кои и тоа повеќе да не смее да има никакво импровизирање бакнежи. Балдони во јануари 2024 година се обиде да ја тужи Лајвли, Рајан Рејнолдс и „New York Times“, но оваа тужба подоцна беше отфрлена.
Следното судење во случајот помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони е закажано за 9 март 2026 година.







