Никола Јокиќ е вистинска трипл-дабл машина и продолжи со вакви учиноци на стартот на сезоната во НБА лигата, во која неговиот Денвер стигна до биланс од 11:3.
Српскиот кошаркар одново го предводеше својот тим на гостувањето кај Њу Орлеанс со 28 поени, 11 скокови и 12 асистенции, па во победата со резултат 125:118 забележа уште еден рекорд.
Како играч кој веќе некое време ја редефинира центарската позиција во НБА лигата, Јокиќ поставува нови стандарди во најсилната кошаркарска лига во светот, па по низа рекорди, сега запиша уште еден.
Никола стана најбрзиот центар во историјата кој во една сезона стигна до комбинација од над 400 поени, 150 скокови и 150 асистенци, што најдобро говори во каква форма игра трикраткниот добитник на МВП признанието.
На Јокиќ му беа потребни само 14 натпревари за вакви страшни бројки, а засега соиграчите успеаваат да го следат добриот налет, бидејќи Денвер е на втората позиција на табелата.
Nikola Jokic is the fastest center ever to reach 400+ PTS, 150+ REB, & 150+ AST in a season. pic.twitter.com/MLapo79x1Y
— Real Sports (@realapp) November 20, 2025
НБА резултати:
Кливленд – Хјустон 104:114
Индијана – Шарлот 127:118
Филаделфија – Торонто 112:121
Мајами – Голден Стејт 110:96
Минесота – Вашингтон 120:109
Њу Орлеанс – Денвер 118:125
Оклахома – Сакраменто 113:99
Далас – Њујорк 111:113
Портланд – Чикаго 121:122






