Шпански новинар го „нападна“ Димитриевски при пристигнувањето во Валенсија: Немам што да кажам

Дерби

20/11/2025

11:18

200

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски си ја отвори душата за својата сложена ситуација во Валенсија при гостувањето кое го имаше во подкастот на Стефан Лазаров, но една седмица подоцна, македонскиот чувар на мрежата сега ќе мора да се соочува и со притисокот кој го прават шпанските медиуми, но и управата на Валенсија.

Како што јавија неколку влијателни извори од Шпанија, искрените изјави на Димитриевски внеле немир на „Месталја“ и за денеска веќе е закажана вонредна средба меѓу македонскиот голман и тренерот Карлос Корберан, а во зависност од исходот, ќе биде познато дали Столе ќе заработи казна од клубот, или ќе мине само со опомена.

Според информациите на „Супердепорте“, Димитриевски и Корберан ќе се состанат ова попладне и тренерот ќе побара објаснувања од Столе за своите изјави, но од друга страна, со своевиден „напад“ почна програмата „Ел Чирингито“, чиј новинар го пречека Македонецот уште на аеродромот во текот на вчерашниот ден.

Познатата програма објави видео од пристигнувањето на Димитриевски во Валенсија, при што новинарот доста нападно се обиде да извлече изјава од Столе.

Новинарот го запраша Димитриевски дали стои зад својата изјава и дали е свесен за полемиките кои ги предизвика, по што Столе кратко одговори.

– Немам што да кажам…