Езе обелодени кој играч на Арсенал најпријатно го изненадил: Игра над очекувањата

Дерби

20/11/2025

11:15

134

Големина на фонт

а а а

Еберечи Езе го комплетираше трансферот на карирата изминатово лето и направи трансфер во Арсенал, клуб во кој всушност направи кам-бек откако на рана возраст беше ослободен од фубалската школа на „топчиите“.

Англискиот репрезентативец се врати во зенитот на кариерата и во ситуација кога е редовен англиски репрезентативец, па во период кога полека се вклопува и адаптира на системот кој го негува Микел Артета, полека дава изјави и за приемот кој го имал во соблекувалната.

Езе открива дека добил навистина пријателски третман од сите нови соиграчи во Арсенал, а особено од репрезентативците на Англија, но кога доби прашање да го избере оној играч кој фудбалски најмногу го изненадил, тој спомена едно неочекувано име.

– Имав големи очекувања кога пристигнав тука и знаев што можам да видам. Моите очекувања за сите играчи во тимот беа навистина високи.

– Сепак, има еден кој игра над моите очекувања. Слушнав добри работи за него уште пред да стигнам, но сега се уверив. Јуриен Тимбер е специјален фудбалер и специјална личност, навистина вреди многу за тимот, – открива Езе.

Тимбер имаше ужасна прва сезона во Арсенал бидејќи заработи тешка повреда на коленото на самиот старт, но од минатата сезона стана редовен во системот на Артета, а оваа сезона ги одигра сите досегашни натпревари во Премиер лигата.