Дали некогаш сте се запрашале што се случува внатре во машината за миење садови додека ја слушате вревата во вашата кујна како таа работи?
Едно кратко видео ги поттикнало луѓето да ја преиспитаат сета своја кујнска рутина откако го виделе видеото од процесот на миење садови во машина.
Експеримент којшто го поделил мислењето на луѓето
Јутјуб каналот „@povsadventures“ одлучил да ја реши мистеријата еднаш засекогаш. Тие насочиле светло и камера во внатрешноста на машината за миење садови, ја наполниле машината и го забележале целиот процес на миење садови внатре. Изненадувачки, видеото предизвикало бурна дебата и го поделило мислењето на оние кои го виделе.
Авторот на видеото ја објаснил мотивацијата зад експериментот:
„Ставив камера во машината за миење садови затоа што како и многу од луѓето, се прашував што всушност се случува внатре. Додадов светло, така што сѐ да биде јасно, а потоа ја наполнив машината, додадов капсула, ја зацврстив камерата, ја затворив машината и потоа беше време да видам што се случило“.
Кафеавата вода предизвикала згрозување
На почеток од видеото сѐ изгледа нормално, млазовите вода излегуваат и се шират со помош на ротирачки диск, а садовите стануваат сѐ почисти.
Меѓутоа, она што привлекло внимание кај гледачите не била механиката на миење на садовите туку бојата на водата.
Водата била кафеаво-жолта, што многумина биле изненадени и ги навело на прашањето што навистина се случува.
Иако авторот на видеото не дал конкретен одговор, во коментари се појавиле бројни теории. Некои се сомневаат дека за бојата е виновна капсулата за миење, други железото или манганот во водата, додека пак трети тврделе дека машината е неисправна или дека таквите уреди едноставно се валкани.

Реакциите биле бурни, еден корисник напишал: „Братот машината ја приклучил на својата септичка јама“, друг додал: „Благодарам што ми помогна да увидам зошто рачното миење садови е најдобро“.
Другите коментари гласат: „Драго ми е што не сум единствениот што е шокиран од кафеавата вода, благодарам за споделувањето на ова видео“, а еден од нив искажал загриженост: „Откако ова го видов однатре, загрижен сум дали садовите се воопшто чисти“.
Што мислите вие?









