Белами откри што им порачал на своите фудбалери по неверојатната победа над Македонија

Дерби

19/11/2025

11:24

331

Големина на фонт

а а а

Крег Белами беше уверен во победа над Македонија во најавите кои ги даваше во пресрет на клучниот натпревар кој се одигра во Кардиф, а за жал, неговата визуелизација се исполни и нашиот национален тим претрпе тежок пораз.

Македонија го одигра најлошиот натпревар во последните две години и настрада во Кардиф со резултат 7:1, натпревар кој за нас беше вистинска катастрофа, а за Велшаните меч кој граничи со перфекција.

Белами како предводник на тимот посочи дека Велс ги искористил сите слаби страни на Македонија, но уште подобро, ги претворил во гол речиси сите стопроецентни шанси кои ги имаше.

– Навистина уживав во оваа фудбалска претстава. Разговарав со играчите на состанокот кој го имавме пред да дојдеме на стадионот, им реков дека навистина можеме да уживаме на овој меч. Чувствував дека овој натпревар носи нешто добро за нас, особено поради нивниот стил на игра за кој имавме решение.

– Јас не сум соврешена личност, но на крајот од мечот им порачав на играчите дека ова е најблиску до совршенство. Ова беше најблиску до совршена изведба од репрезентацијата откако јас сум дел од тимот. Начинот на кој ја користевме топката, начинот на кој се движевме, се изгледаше добро во секој момент. Игравме без класичен напаѓач, игравме со три „десетки“ и постојано извлекувавме некој од игра.

– Бевме толку чисти при додавањата и реализирањето шанси, ова беше еден од оние денови кога сте во можност да ги искористите сите шанси кои ќе ви се укажат, – изјави Белами.

Велс со оваа победа си обезбеди подобра стартна позиција во баражот за Светско првенство, додека Македонија сега од четвртиот шешир ќе чека ривал за плејофот.