Сколс: Тој би бил одлично засилување за Јунајтед

Дерби

19/11/2025

11:23

1.148

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед е во потрага по засилување на средината на теренот и сигурно ќе доведе најмалку еден играч наредната година без разлика дали тоа ќе биде во зимскиот или летниот преодон рок.

Се споменуваат повеќе имиња, но некако се „пожешка“ е опцијата Елиот Андерсон, актуелниот англиски репрезентативец кој го носи дресот на Нотингем Форест.

Андерсон има 23 години што значи дека би бил и решение на подолги стази, трансфер кој го одобрува легендата на „црвените ѓаволи“ Пол Сколс.

- Елиот Андерсон е навистина добар играч. Видете мислам дека им треба малку повеќе од Андерсон за да стигнат до таму каде што сакаат да бидат, да бидат предизвикувачки, но мислам дека е навистина добар играч.

- Кога беше во Њукасл, мислев дека е навистина добар играч. Мислев дека е повеќе офанзивен играч од средниот ред и не го гледав во оваа улога како шестка во дресот на Англија. Тој изгледа како навистина добар играч, мислам дека е и доволно атлетски граден и да мислам дека би бил навистина добро засилување, но ќе видиме, - порача Сколс.