Франко Мастантуоно требаше да почека да наполни 18 години за да му се приклучи на Реал Мадрид, но откако го исполни тој услов во месец август, талентираниот Аргентинец доби и доста шанси од стартот на сезоната.
Чаби Алонсо експресно го внесе во динамиката на тимот и му даде прилика да игра на голем број натпревари, на кој Мастантуоно веќе покажа дека поседува потенцијал кој може да му донесе долга и плодна авантура во Реал Мадрид.
Франко пристигна како најдобар играч на Ривер Плата и допрва треба да ја освојува публиката во Европа, па затоа кога доби прашање да направи споредба меѓу себе и Ламин Јамал, новата ѕвезда на Реал покажа голема скромност.
– Кој е подобар од мене и Јамал? Во овој момент Ламин е подобар играч од мене. Тоа го покажува со констатно добри изданија. Игра на неверојатно ниво веќе година наназад, а јас штотуку пристигнав во Мадрид и се уште сум во процес на адаптација.
– Се надевам дека брзо ќе го надминам почетниот период и дека ќе се навикнам на стилот на фудбал во Европа. Се надевам дека ќе имаме долга историја со Јамал и дека ќе имаме многу натпревари како оној последниот на „Ел Класико“, – изјави Мастантуоно за „Кадена Сер“.






