Робертсон со емотивна изјава по драмата вредна СП: Цел ден мислев на Жота

Дерби

19/11/2025

11:21

157

Големина на фонт

а а а

Шкотска ја доби драмата со Данска и во трилер завршница избори пласман на Светско првенство, настан од кој островјаните ќе бидат дел по пауза од 28 години.

Шкотланѓаните покажаа потребна страст и желба во судиското продолжение и со два гола обезбедија победа од 4:2, а по натпреварот, со многу емоции говореше и капитенот на тимот.

Енди Робертсон не го криеше задоволството поради тоа што ја искористи последната шанса за настап на Светско првенство, турнир за кој постојано говорел со својот драг, а сега починат пријател, Диого Жота.

– Со оглед на возраста и се околу мене, знаев дека ова е моја последна шанса да бидам дел од Светско првенство. Во текот на денот, не можев да го извадам од глава мојот пријател Диого Жота. Зборувавме толку многу за Светското првенство, тој за жал го пропушти она во Катар поради повреда.

– Јас немав учествувано бидејќи Шкотска никогаш не се квалификуваше со мене, но сега тоа се смени. Секогаш зборувавме за тоа како ќе биде да отидеме на Светско првенство. Знам дека од некаде ме гледа и се насмевнува за мене вечерва, – изјави Робертсон.