Јамал ја промени насловната слика и со моќна порака го најави враќањето на „Камп Ноу“

Дерби

18/11/2025

12:52

300

Големина на фонт

а а а

Барселона доби дозвола од властите во градот и во сабота официјално ќе го отвори реновираниот „Камп Ноу“, стадион на кој не се играше фудбал во изминатите две и пол години и кој дефинитивно почна да им недостасува на сите верни навивачи на клубот.

После низа одложувања и недовршени градежни активности, Барселона како клуб го комплетираше најсложениот процес, па оваа сабота навивачите повторно ќе можат да уживаат во фудбалскиот храм во Каталонија.

Иако играчите се навикнаа да играат на „Монжуик“ и освоија титула во Ла Лига на овој стадион, јасно е дека „Камп Ноу“ буди посебно чувство кај секој фан на Барселона, но истото важи и за ѕвездите од првиот тим.

Ламин Јамал е убедливо највозбуден од кам-бекот во фудбалскиот дом на Барса, па во таа чест ја промени и насловната фотографија на социјалните мрежи, до која стои и моќна порака.

– „Монжуик“ беше само почетокот, на „Камп Ноу“ ќе се пишува историја, – гласи пораката на Ламин.