Никола Јокиќ веќе една деценија е дел од Денвер Нагетс, тим во кој пристигна на мала врата, а денеска е најголема ѕвезда и клучен играч на составот од Колорадо.
Никола Јокиќ веќе една деценија е дел од Денвер Нагетс, тим во кој пристигна на мала врата, а денеска е најголема ѕвезда и клучен играч на составот од Колорадо.
Тој не е само најдобар во Денвер, тој е играч што доминира во НБА лигата, има три награди за најкорисен играч, донесе титула во организацијата во 2023 година, а во тековната сезона реди трипл-дабл учиноци на секој натпревар што е навистина неверојатно.
Дирк Новицки своевремено беше заштитно лице на Далас Маверикс, ама и меѓу најквалитетните асови во лигата, но според него Јокиќ е на сосема друго ниво.
-Тој е неверојатен. Со недостаток на атлетизам, навистина мора да се каже дека тој е можеби најдобриот играч во светот. Вештината му е надвор од овој свет. Како ја чита играта, неговата кошаркарска интелигенција, едноставно е неверојатно. И тој е толку голем и надмоќен со малите играчи.
-Со мене, секогаш можеше да се извлечеш со тоа што ќе ме чуваш со мали играчи. И имав проблеми да се борам со нив, да се спуштам во рекетот, но тој е толку голем што не можеш да го чуваш со мали играчи. Тој едноставно го прави тоа невозможно. И е толку добар и како скокач. А со големите играчи, тој едноставно ги извлекува. Можеш да ги постави, можеш да ги извлечеш, да го изведеш пик-ен-ролот. Сега има шут за три поени. Но, она што ме импресионира е како ја чита играта, а додавањето е едноставно на следно ниво. Значи, отсекогаш сум бил фан, очигледно, на неговата игра, на начинот на кој ја игра играта, -порача славниот Германец.







