Видеоснимка на љубопитна мачка која за време на попладневниот езан се искачила на имамот, со неверојатна брзина стана вирален хит на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како имамот, и покрај ненадејниот „гостин“, смирено продолжува со учењето на езанот, додека мачката удобно се мести на неговите рамена.
Симпатичната сцена воодушеви илјадници корисници, од кои многумина во коментарите ја пофалија смиреноста и благиот однос на имамот.
Снимката е забележана во турскиот град Кастамону и привлече големо внимание на социјалните мрежи.





