Во еден белградски ресторан се продава пица со ќебапи, а снимката од нејзината подготовка беше повод за бројни реакции на социјалните мрежи.
Откако ќе го развлечат тестото, на него ставаат ајвар, кашкавал, ќебапи и кромид. Кога пицата ќе се испече, додаваат кајмак и така ја служат.
„Ако никогаш не сте пробале пица со ќебапи, време е да свратите до ‘Maximillian’“, напишале од ресторанот под видеото.
Очекувано, на Инстаграм следела лавина коментари. На некои пицата со ќебапи им делува интересна, а други не би ја пробале ни за милиони.
„Супер“, „Ете како е предизвикана војна меѓу Босна и Италија“, „Дали се римски или неаполски ќебапите?“, „Ова е за Хаг“, „Дали навистина некој го нарачува ова? Ништо не ви е свето“, се дел од нив.
Се разбира, постојат многу други пици со „невообичаени“ додатоци. Меѓу нив се пици со месо од кенгур, со јаболка и смокви, па дури и со пире од компири.
Во светот најчесто се води дебата дали е во ред да се става ананас на пица, а многу луѓе често ја јадат и со мајонез.






