Роби Вилијамс (51) откри дека се плаши дека би можел да го изгуби видот како резултат на употребата на популарни инјекции за слабеење.
Познатиот пејач признал дека неговиот вид станал заматен и „само се влошува“ откако почнал да ги користи лековите, вклучително и инјекциите „Мунџаро“, поради што упати остро предупредување до неговите обожаватели.
Тој верува дека инјекциите му го влошиле видот
Вилијамс раскажал како се мачел да ги види лицата на обожавателите додека на сцената ја изведувал својата хит песна „She’s The One“ и ја повикал јавноста добро да ги истражи потенцијалните ризици пред користење на слични препарати. „Сакам да ги предупредам луѓето што го читаат ова за потенцијалните ризици, за добро да се информираат, изјавил тој за „The Sun“.

„Многу брзо се навикнав на инјекциите но она што го забележав е дека мојот вид не е многу добар. Веќе некое време е заматен и само се влошува. Не мислам дека е до возраста, мислам дека се инјекциите“, изјавил пејачот.
Првпат сфатил дека нешто не е во ред на еден натпревар во американски фудбал, кога играчите му изгледале како нејасни силуети теренот. Иако неодамна добил нови очила, на почетокот не го поврзал влошувањето на видот со инјекциите.
Борба со килограмите и зависноста
Вилијамс претходно признал дека инјекциите за слабеење му помогнале да ослабе од околу 88,5 кг на 76, 6 кг. „Пијам нешто како Оземпик. Тоа е како божиќно чудо“, изјавил тој за „The Times“. „И ми треба, медицински. Мојот внатрешен глас ми зборува на начинот на кој Кејти Хопкинс зборува за дебелите луѓе. Тоа е излудувачки“, додал тој.

Инаку пејачот пушел до 40 цигари дневно и бил на рехабилитација од зависност од лекови на рецепт. Тој исто така признал дека се плашел дека ќе умре ако не ги промени своите лоши навики. „Знаев дека морам да направам нешто или ќе умрам. Правете мали чекори“, рекол тој во 2020 година.
Како делува Мунџаро?
„Мунџаро делува на два природни хормони во телото наречени GLP-1 и GIP, додека многу други инјекции го имитираат само хормонот GLP-1“, објаснил фармацевтот Џејсон Марфи. „Со имитирање на овие хормони, Мунџаро испраќа сигнали до вашиот мозок дека сте сити, помагајќи да се намали апетитот, а воедно го одложува темпото со кое вашиот стомак се празни за да се чувствувате посити подолго време“, додал тој.

Лекот доаѓа во пенкало за еднократна употреба кое содржи четири дози, по една за секоја недела. Се користи за лекување на дијабетес тип 2 и дебелина, заедно со здрава исхрана и редовно вежбање. „Кога го користите Мунџаро, може да забележите намален глад и помалку желба речиси веднаш. Со текот на времето, ова може да доведе до забележително губење на тежината“, објаснил Марфи.













