Парис Џексон отворено проговори за своeто минато и последиците од користењето дрога. Ќерката на починатиот крал на поп-музиката во видео на ТикТок откри дека има оштетување на носната преграда, проблем кој, како што сугерира, настанал како последица на земање дрога.
Со предупредување „не дрогирајте се, деца“, 27-годишната актерка и модел искрено порача дека зависноста ѝ „го уништила животот“.
„Не дрогирајте се, деца“
Во исечок објавен во понеделник, Џексон призна дека „никогаш навистина не се занимавала со тоа“, по што со светлото од мобилниот го осветли внатрешноста на носот за да ја покаже дупката во септумот. „Имам многу гласен свиреж кога дишам низ нос“, објасни таа и додаде: „А тоа е затоа што имам нешто што се вика оштетување на носната преграда“. Таа нагласи дека тоа „малку се разликува од девијација на септумот“.
Без заобиколување, таа наговести кој е причината за проблемот. „Тоа е од она за што мислите дека е“, рекла таа, а потоа одлучно порачала во камерата: „Не дрогирајте се, деца“. По предупредувањето, Џексон на момент станала посериозна и изјавила дека „не препорачува“ земање дрога, додавајќи дека тоа ѝ „го уништило животот“.
Не сака да оди на операција
Таа објаснила и зошто не сака да оди на операција за да го реши проблемот со кој живее од својата 20-та година. Бидејќи е трезна веќе шест години, не сака да ризикува со лекови против болка.
„Морате да пиете таблети кога имате толку непријатна операција“, рекла. Додала дека свирењето во носот ѝ претставува „непријатност“ кога снима во музичко студио, а се пошегувала и дека низ дупката во септумот би можела да провлече шпагети.










