Тренерот за Клиперс ја „погоди“ тактиката со Јокиќ: Нашиот план беше…

Дерби

13/11/2025

12:00

254

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ го одигра најдобриот и најефикасниот меч во оваа сезона во НБА лигата и тоа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс каде уфрли 55 поени, плус собра 12 скока, запиша 6 асистенции и по 1 блокада и украдена топка.

Јокиќ беше незадржлив и стана само четвртиот играч во историјата на НБА кој постигнал 55 поени со успешност на шут од 78 проценти.

Тој постигна повеќе поени од комплетната стартна петорка на Клиперс, а интересен коментар за тоа каква била тактиката на домаќините даде тренерот Тајрон Лу.

- Нашиот план за игра беше да му дозволиме да поентира, но да го спречиме да разигрува и да асистира… Не мислев дека ќе постигне 55 поени, - истакна Лу.