Фабио Канаваро во свое време беше еден од лидерите на националниот тим и на одбраната на италијанската репрезентација која денеска не е силна како во минатото, но се уште е квалитетна.
Италијанците секогаш важеле за земја која игра добра одбрана и знае да извади топ дефанзивци, па Канаваро како човек кој беше дел од златната генерација на „аѕурите“ (освоена светска титула) издвои едно име од сегашните репрезентативци.
Се работи за Алесандро Бонџорно кој е соиграч со Елиф Елмас во Наполи.
- Дефанзивецот што најмногу ми се допаѓа во сегашниот национален тим е Бонџорно (Алесандро). Тој е човек со квалитет и секогаш е многу фокусиран, што е фундаментално за еден дефанзивец, - вели Фабио кој смета дека не е потребно да му дава никакви совети на селекторот Џенаро Гатузо.
- Не чувствувам дека на Рино му треба совет од мене. Тој докажа дека има вистинско искуство, работејќи за многу тимови, и сигурно има доволно искуство за да нè однесе на Светското првенство, - смета некогашниот освојувач на Златната топка.







