Португалија вечерва и гостува на Република Ирска и со славје на овој меч и официјално може да го обезбеди билетот за Светското првенство во 2026 година.
Островјаните знаат да бидат незгодни за Португалците и тоа се потврди и на првиот натпревар во групата каде фаворитот даде гол за победа дури во судиското продолжение.
Ова беше соочување на кое Кристијано Роналдо не реализираше и пенал, па токму тој имаше интересна најава за вечерашната пресметка (20:45 часот) во која едноставно ги предизвика Ирците, навивачите кои сигурно ќе му одговорат во Даблин.
- Стадионот ќе ме исвиркува, навикнат сум на тоа, секако се надевам дека ќе ме исвиркуваат, можеби тоа ќе го намали притисокот врз другите играчи. Она што најмногу го сакам е да уживам. Не е одлучувачко, но речиси, знаеме дека со победа, се квалификуваме. Сакаме сега да завршиме, -порача капитенот на Португалците.







