Чави Ернандес веќе одработи и една епизода како тренер на Барселона, клубот во кој остави неизбришлива трага како играч, ас кој одбележа една ера и со големи букви ќе биде испишано неговото име во историјата.
Како тренер пак имаше добри и лоши моменти, беше активен од 2021 до 2024 година, период во кој освои две титули- Примера и Супер Купот на Шпанија.
На крајот тој си замина по еден турбулентен период во кој прво одлучи да се повлече, па клубот, управата го убедуваше да остане и откако се предомисли дојде до нов пресврт по кој си замина, а неговото место беше пополнето со Ханси Флик.
Шпанската легенда од тој ангажман се уште нема прифатено нов предизвик, но е подготвен за тоа откако сфатил каде згрешил во мандатот на „Камп Ноу“.
- Ја започнав мојата тренерска кариера во Барселона со високи барања за играчите и клубот, бидејќи клубот излегуваше од период кога немаше многу барања. Мојата грешка беше што ги одржував овие високи стандарди само една година, од времето кога пристигнав додека не ја освоивме Ла Лига, шпанскиот Суперкуп… Некое време потоа, можев да бидам самокритичен и си реков: „Што ми се случи?“
- Ги намалив тие високи стандарди и играчите повеќе немаа ист став, исто почитување, ист напор. Стандардите постојано се намалуваа до тој степен што во мојата последна сезона не освоивме ништо. Научив многу од ова. Морав да бидам самокритичен, - порача Чави.







