„20th Century Studios“ го објави првиот тизер трејлер за филмот „The Devil Wears Prada 2“, долгоочекуваното продолжение на филмот од 2006 година, во кое се враќаат оригиналните членови на актерската екипа: Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Стенли Тучи и Емили Блант.
Во краткиот исечок, Миранда Пристли (Мерил Стрип) чекори низ ходниците во црвени високи потпетици, пред во лифтот да ѝ се придружи поранешната асистентка Енди Сакс (Ен Хатавеј).
Базиран на истоимената книга на Лорен Вајсбергер, филмот „The Devil Wears Prada“ ја следи приказната на Енди Сакс (Хетавеј), штотуку дипломирана приправничка која сонува за кариера во новинарството.
На крајот, Енди започнува да работи како помлада асистентка на Миранда Пристли, главната уредничка на „Runway“, фиктивно списание за висока мода. Во текот на целиот филм, Енди се бори да ги исполни барањата на својот предизвикувачки ангажман, додека се обидува да ја одржи својата врска со момчето и колегите од работа.
Според „Variety“, „The Devil Wears Prada 2“ ја следи Пристли додека се обидува да се снајде во својата кариера за време на пропаѓање на традиционалното издаваштво на списанија и додека се соочува со Блант, која сега е моќна директорка на луксузна корпорација со рекламни буџети кои на Пристли очајно ѝ се потребни.

На актерската постава ѝ се приклучуваат: Кенет Брана, Луси Лу, Џастин Теру, Би Џеј Новак, Полин Шаламе, Патрик Брамал, Кејлеб Хирон и бродвејските ѕвезди Хелен Џ. Шен и Конрад Рикамора.
Според официјалното соопштение, актерите Трејси Томс и Тибор Фелдман исто така ќе ги повторат своите улоги како „Лили“ и „Ирв“ од оригиналниот филм.
Продолжението на култниот филм од 2006 година ќе биде достапно во кината од 1 мај 2026 година.






