[ФОТО] Како изгледа денес некогашниот најголем латино заводник: Жените „лудувале“ по него, а потоа се појавил маж кој открил: „Бевме во врска и водевме љубов цела ноќ“

Точка

12/11/2025

18:31

603

Големина на фонт

а а а

Некогаш најпосакуваниот маж во латиноамериканските сапуници, Фернандо Колунга беше синоним за шарм, елеганција и совршено извајано тело.

Во деведесеттите и почетокот на 2000-тите, тој беше неоспорен крал на теленовелите – рамо до рамо со Габриела Шпаниќ, со која глумел во легендарната „Есмералда“. Улогата на Хозе Армандо Пењареал му обезбеди статус на идол дури и надвор од границите на Мексико, па така светската публика беше воодушевена од неговиот лик и изглед.


Списанието „Glamour“ го прогласи за најатрактивен актер во светот две години по ред, а неговите хонорари го рангираа меѓу најплатените во индустријата. И додека жените ширум целиот свет воздивнувале по него, Фернандо ја чувал својата приватност – толку многу што дури и денес малку се знае за неговиот љубовен живот.


Тага поради смртта на таткото

Животот на актерот се превртел наопаку по тешката загуба. Неговиот татко, по кого го добил името, починал од рак, а болеста се влошила за време на пандемијата.


„Фернандо е неутешен бидејќи беше многу приврзан кон својот татко. Тој е лут и огорчен бидејќи не можеше да биде со него во последните денови. Поради строгите мерки за сузбивање на пандемијата, неговиот татко мораше да биде кремиран без присуство на неговото семејство“, открил тогаш извор близок до актерот.

Од беспрекорен изглед до коментари за промени

Денес, на 57-годишна возраст, Фернандо сè уште зрачи со харизма, но времето си го направило своето. Некогаш совршено обликуваните мускули сега се опуштени, а обожавателите забележуваат дека на неодамнешните фотографии актерот изгледа „непропорционално“ – дека главата му е поголема од телото.


Во коментарите може да се најдат и шеговити забелешки дека „поради шминката или солариумот, изгледа како препечен“.

Мистериозен љубовен живот

Иако многу жени го обожавале, Колунга никогаш не бил во брак, ниту пак има познати јавни врски. И покрај гласините што го следат со години – од тоа дека е таен романтичар до приказни за неговата наводна хомосексуалност – Фернандо секогаш одбивал да коментира за приватни теми.

Сепак, пред неколку години, еден маж тврдел дека бил во врска со познатиот актер.


„Чекав тој да го направи првиот потег, но тоа не се случи. Бев малку тажен бидејќи навистина сакав да продолжам да се дружам со него. Се видовме повторно дури пет години подоцна, на забава во куќата на заеднички пријател, и тогаш работите беа малку поинакви. Фернандо веднаш ми рече дека му се допаѓам и дека би сакал да договориме приватна средба. И така беше. По првата средба, водевме љубов цела ноќ. Бевме во врска три години, а неговото неверство беше крај за нас“, рекол тогаш непознат извор.

Сè уште е омилен кај обожавателките

Без оглед на возраста и промените, Колунга сè уште има лојална армија од обожавателки. Тој активно снима, редовно објавува новости за своите проекти и го негува својот препознатлив имиџ.


Неговата насмевка сè уште плени, а мистеријата што го окружува го прави уште поинтересен.