Изгледа дека и Меган Маркл сака да стане милијардерка. Во последно време сè повеќе се зборува за односот меѓу војвотката од Сасекс и основачот на „Амазон“, Џеф Безос, а експертите за кралското семејство сметаат дека нивната поврзаност не е случајна. Според нив, Меган во Безос гледа потенцијален сојузник во остварувањето на своите деловни амбиции.
Интересно е што Меган и принцот Хари изминатиот викенд присуствуваа на роденденската прослава на Крис Џенер – одржана токму во вилата на Џеф Безос – само неколку дена по веста дека војвотката се враќа на актерската сцена по осум години, со филм чија продукција ја потпишува „Амазон“.
Влијанието на Безос во Холивуд
Според зборовите на кралскиот биограф Ричард Фицвилијамс, чии изјави ги пренесува „Daily Mail“, Безос и неговото огромно влијание во Холивуд би можеле да бидат идеални за Меган токму сега, кога го завршува својот период на „актерска пензија“ и се обидува да го промовира својот лајфстајл бренд „As Ever“.

„Меган беше воодушевена од поканата во холивудската вила на основачот на „Амазон“ и милијардер Џеф Безос во саботата. Очигледно сака поддршка од тајкуни како Безос и има високи цели – сепак, тој е трет најбогат човек на светот“, изјави Фицвилијамс.
Прослава кај Безос
44-годишната војвотка и нејзиниот сопруг беа забележани на прославата по повод 70-тиот роденден на Крис Џенер, која се одржа во вила вредна 165 милиони долари – имот на Безос и неговата сопруга Лорен Санчез.

Посебно внимание привлече времето на нивното појавување на забавата, бидејќи токму претходната недела беше објавено дека Меган ќе се појави во новиот филм „Close Personal Friends“, заедно со Лили Колинс и Бри Ларсон, во продукција на „Amazon MGM Studios“ – компанија што Безос ја купи во 2022 година за 8,5 милијарди долари.
Враќање на актерството и амбицијата да стане милијардерка
„Меган ќе се глуми себеси во продукцијата на „Amazon MGM“ – „Close Personal Friends“. Веста ги изненади многумина, особено по нејзиното заминување од серијата „Suits“ и наводното повлекување од актерството пред осум години. Сепак, овој проект би можел да им ги отвори вратите на Меган и Хари кон следното доделување на Оскарите, што би го зголемило нивниот општествен профил. Толку често ја гледаме Меган што лесно се заборава колку е всушност немилосрдно амбициозна – наводно, таа навистина сака да стане милијардерка“, додаде Фицвилијамс.

„Netflix“, „Spotify“ и можната поддршка од милијардерот
Иако Меган не ја крие својата амбиција, реалноста е дека нејзиниот договор со „Netflix“, вреден околу 100 милиони долари, неодамна е намален на договор од типот „first-look“ за филмови и серии. Парот претходно се обиде и соработка со „Spotify“, но таа траеше кратко.
Токму тука, според експертите, Безос би можел да одигра клучна улога – отворајќи нови врати за војводата и војвотката од Сасекс, како и потенцијално поддржувајќи го брендот на Меган „As Ever“, кој во моментов исто така соработува со „Netflix“.
„Постојат извештаи дека Безос ќе го поддржи новиот луксузен бренд на долна облека на актерката Сидни Свини. Таква можност би можела да биде од огромна корист и за амбициите на Меган да стане милијардерка и влијателна фигура. Нејзиниот пат би бил многу полесен доколку зад себе има мецена од тој калибар“, додаде Фицвилијамс.
Љубомора и изостанок од венчавката на Безос
Се шпекулира дека специјалниот третман што Безос ѝ го пружа на Сидни Свини можеби ја вознемирил Меган, особено по тоа што кралскиот пар не беше поканет на тридневната венчавка на Лорен Санчез и Џеф Безос во Венеција ова лето.
Според извори на „Daily Mail“, Меган и Хари биле избришани од списокот на гости – што, очигледно, само ја засилило желбата на Меган повторно да ја придобие наклонетоста и поддршката на еден од најмоќните луѓе во светот.









