Познатата комичарка повеќе не изгледа исто: Ослабе 18 килограми, ги избриша сите стари фотографии и се пофали со заводливата фигура

Точка

12/11/2025

19:26

816

Големина на фонт

а а а

Американската комичарка и актерка Ејми Шумер (44) ги изненади своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии на кои покажа драстична трансформација и значителен губиток на килограми.

Ѕвездата веќе со месеци отворено зборува за своето патување, како и за лековите кои, како што вели, ѝ помагаат да се чувствува поздраво и посилно.

На најновите фотографии, Шумер позира во кратко црвено фустанче без прерамки, комбинирано со црни потпетици.

„Повторно се враќам на моите скали“, напиша таа шеговито, алудирајќи на местото каде најчесто позира.


Фановите веднаш забележаа и дека ги избришала сите свои стари фотографии од профилот.

Шумер претходно призна дека испробала неколку методи за слабеење – меѓу кои и лек што ѝ предизвикал мачнини, како и липосукција. Сега, вели, се чувствува најдобро досега благодарение на лекот што првично се користи за третман на дијабетес тип 2, но во последно време стана популарен и како средство за контрола на телесната тежина.

„Имам повеќе енергија, косата ми е погуста, кожата ми е посјајна, а и либидото ми се врати – зборувам за сексот!“, напиша искрено Ејми, додавајќи дека комбинацијата на лекот и хормонска терапија со естроген и прогестерон ѝ помогнала и со симптомите на перименопауза.


„Симптомите исчезнаа. Се чувствувам одлично и сакам искрено да споделам сè низ што поминувам“, изјави таа во март.

Во интервју за еден американски магазин, Шумер изјави дека „нема личност на телевизија што не користи некаква форма на лек за слабеење“, нагласувајќи дека не ѝ е цел да промовира нереални стандарди, туку да зборува отворено за реалноста.

Таа откри дека пред три години се обидела со друг лек за слабеење, но не можела да го поднесе.

„Повраќав, ми беше ужасно“, раскажа актерката. Сепак, откако повторно побарала стручна помош, нејзиното здравје се подобрило: „Сфатив дека сум во перименопауза, започнав со хормони и се чувствувам како нова личност“.

Позитивното искуство ја инспирирало да стане инвеститор во компанијата со која соработувала.


Според податоци на странските медиуми, Ејми изгубила околу 18 килограми во последните неколку месеци и сега тежи приближно 59 килограми. Со својата висина од 170 сантиметри, експертите велат дека има „многу витка фигура“.

„Ејми изгледа поздраво и посреќно од кога било. Очигледно е дека е горда на себе и дека оваа промена не е само физичка, туку и емоционална“, изјавила една нутриционистка.

Шумер нагласува дека нејзината цел е да ги охрабри жените отворено да зборуваат за менопаузата, хормоналните промени и процесот на стареење.


„Знам дека многумина мислат дека сум со прекумерна тежина, но јас се чувствувам прекрасно – и тоа е единственото што ми е важно“, порачала таа.