Француски пензионер ненамерно се впуштил во своевидна одисеја којашто завршила на Балканот. Всушност, тој само сакал да оди на лекар.
Францускиот пензионер со автомобил тргнал кај својот лекар, но никогаш не стигнал таму. Осумдесет и петгодишниот маж се изгубил на патот. Откако минатата недела бил пријавен како исчезнат, бил пронајден жив и здрав – во Хрватска.
Како што подоцна се покажало, човекот од својот мал град Шатијон-сур-Туе, Бордо, тргнал со автомовил до Ерволт, каде што се наоѓа неговиот лекар. Меѓутоа, се чини дека целосно се дезориентирал по патот и наместо планираните 25 километри, завршил возејќи околу 1.500 километри, сè до Хрватска, пишува „РТЛ.лу“.

На почетокот, никој не забележал дека го нема. Дури кога не се појавил на договорената средба со своите пријатели, била известена полицијата. И некои соседи се загрижиле и го пријавиле неговото исчезнување. За среќа, тој можел да се јави преку мобилниот телефон. Спасувачките служби беа запрепастени кога им рекол дека се наоѓа во хотел во Хрватска.
Во меѓувреме, Франција се крена на нозе, а јунакот на оваа приказна беше прогласен за исчезнато лице!
Сега е на безбедно, напишал веќе 10 страници дневник за својата авантура, а со персоналот на хотелот почнал да комуницира и на англиски.

Работникот во хотелот, „ангелот чувар“ на патникот од Франција, ја контактирал неговата фамилија, која наскоро треба да слета и да го однесе својот татко во мало место близу Бордо, оддалечено 1816 километри. А за оваа необична авантура да заврши токму во Брела, се погрижил јунакот на оваа приказна, кој ги скрил клучевите од измачениот автомобил на безбедно место до пристигнувањето на членовите на семејството.
Откако 85-годишникот бил вратен во Франција, тој и понатаму не можел да објасни како се случило тоа. Никогаш претходно немал проблеми ниту со меморијата ниту со ориентацијата. Можеби во иднина, кога ќе оди на лекар, сепак ќе користи навигација.

По неверојатната приказна за постариот Французин кој, благодарение на навигацијата, стигнал дури до Брела, нашата намера беше да поразговараме со човекот за овој необичен настан. Затоа се упативме кон хотелот „Солине“, но таму нè пречека студен туш — рецепционерката ни рече дека директорот на хотелот не дозволува никаков разговор со нивниот гостин, пишува Слободна Далмација.
„Не можеме да одобриме разговор со гостинoт бидејќи овде со него нема ниту еден член од семејството“, кратко рекла рецепционерката на „Солине“.









