Повеќе од 70% од површината на оваа прекрасна земја е национален парк под заштита на УНЕСКО...
На границата меѓу Шпанија и Франција, меѓу високите Пиринејски планини, се протега мала, но исклучително шармантна држава – Андора.
Ако не знаете многу за неа, ова е вистински момент да дознаете нешто повеќе.
1. Верувале или не, Андора е четиринаесеттата најстара држава во светот! А кога сме веќе кај бројките – таа е и шеснаесеттата најмала.

2. За разлика од Монако, каде што владее еден принц, на чело на Андора има двајца принцови кои ја делат власта. Интересно е што ниту еден од нив не е Андорец – едниот е актуелниот претседател на Франција, а другиот бискупот од Ургељ во Шпанија. Сепак, нивните функции се симболични и немаат реална политичка моќ.
3. Главниот град Андора ла Веља е највисоко сместен главен град во Европа, на надморска височина од 1.013 метри.
4. Кога станува збор за очекуваниот животен век, жителите на Андора се веднаш зад Јапонците, што ги прави меѓу најдолговечните луѓе на планетата.

5. Андора е единствената земја во светот во која каталонскиот јазик е официјален. Иако каталонски се зборува и во делови од Шпанија и Франција, само овде има статус на официјален јазик.
6. Во оваа држава нема војска. Во случај на војна, нејзината безбедност би ја гарантирале Франција и Шпанија.
7. Повеќе од 70% од територијата е национален парк, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО, што ја прави Андора вистински природен бисер.

8. Криминалот во Андора е речиси како и војската – непостоечки. Според многу извештаи, ова е една од најбезбедните земји во светот.
9. Од четирите најмали европски држави (без да се смета Ватикан), Андора е најголемата, со површина од 468 квадратни километри. Зад неа по големина се Монако, Лихтенштајн и Сан Марино.
10. Андора нема сопствена национална банка ниту своја валута. Денес се користи еврото, а порано во оптек биле шпанската пезета и францускиот франк.








