[ВИДЕО] Тврди дека 60 години не спиел! Лекарите немаат објаснување за неговата несоница, а тој секоја ноќ прави една иста работа

Точка

12/11/2025

08:50

1.352

Големина на фонт

а а а

Често, поради обврските и забрзаниот ритам на живот, не успеваме доволно да се одмориме, а многумина се борат со несоница. Иако мислиме дека сме премногу уморни, секогаш може да биде и полошо.

Можете ли да замислите да не спиете само неколку дена, а камоли неколку години? Епа, виетнамскиот земјоделец Тај Нгок (82) тврди дека не спиел цели 62 години.

Трауми од војната

Како што раскажува, оваа коренита промена се случила во 1962 година, во текот на Виетнамската војна. Едноставно, еден ден се разбудил и повеќе не можел да заспие.

Познатиот јутјубер Дру Бински го посетил Нгок пред неколку месеци и го објавил разговорот со него. Го интересирало како живее човек кој тврди дека 60 години не затворил око.

„Патував до едно мало село на југот на Виетнам за да го пронајдам, да поминам една ноќ со него и да видам дали навистина спие“, рекол тој.

Нгок истакнал дека не ја знае причината за својата повеќедецениска несоница. Тврди дека посетувал лекари, но тие немаат никакво објаснување.

Секоја ноќ прави едно исто

Одвреме-навреме, Нгок пие малку повеќе оризово вино за да го „исклучи“ мозокот. Понекогаш знае да задреме еден до два часа, но никогаш повеќе од тоа.


Секоја ноќ легнува во кревет, но сонот едноставно не му доаѓа. Додека другите спијат, тој го поминува времето работејќи и правејќи вино.

Во разговорот со Јутјуберот, Нгок ги повика луѓето да му помогнат доколку имаат решение, а Дру Бински смета дека неговата состојба можеби е последица на шокот што го доживеал во времето на Виетнамската војна.