Нејмар се врати во својот шеснаесетник за да изведе почетен удар, па следеше шок за сите на трибините

Дерби

10/11/2025

14:11

1.371

Големина на фонт

а а а

Сантош се наоѓа во очајна ситуација во бразилската Серија А и остана во опасната зона по новиот пораз кој го претрпе од Фламенго, дерби кое понуди пет голови, но и две ситуации во кои Нејмар се најде во центарот на вниманието.

Во недостиг на посакувана креација во одбраната, Нејмар мораше да се враќа во сопствениот шеснаесетник за да им помогне на соиграчите да ја изнесат топката, но при еден обид да направи такво нешто, следеше шок за него, но и за сите на трибините.

Нејмар претрча пола терен за да се врати и да го изведе почетниот удар во акцијата, но неговиот соиграч го остави во бунило кога реши да испрати долга топка, наместо да комбинира.

Оваа ситуација е најдобра илустрација за тоа во каква форма се наоѓа Сантош во финишот од сезоната, период во кој великанот ќе води грчевита битка за опстанок.

Во финишот од мечот, Нејмар беше изваден од игра при резултат 3:0, а притоа, големата ѕвезда му се постмеваше на тренерот поради тоа што го вади од игра.

Иако преостанаа неколку минути до крајот, Сантош успеа да постигне два гола и да го ублажи поразот во дербито (3:2).