Имплементирањето на ВАР системот целосно го промени фудбалот и донесе далеку помал број на неправди во светски рамки, но во ситуација кога не може целосно да се искоренат грешките, а се чека и по неколку минути да се признае гол, има поединци кои се уште сметаат дека оваа алатка не донесе позитивни нешта за фудбалот.
Размислувањата се разликуваат и реалноста е дека модерниот фудбал не може да се замисли без употреба на ВАР системот, но Еден Азар повеќе има симпатии кон старата школа и вели дека тој повеќе уживал на теренот кога судиските одлуки имаат навистина посебно значење.
Актуелните судии во денешно време знаат и да се подзаборават во ситуација кога знаат дека можат да бидат коригирани од ВАР, меѓутоа за легендарниот Белгиец, најголема негативна страна на видео технологијата е фактот што ја убива емоцијата на фудбалот.
– Неправдата во фудбалот си има своја магија. Тоа го велам иако знам дека е тешко да се прифати неправда во денешно време. За мене, ВАР е убиец на фудбалската емоција.
– Пред извесно време гледав натпревар на мојот брат Торган кој играше против Леувен, а еден играч постигна фантастичен гол. Тој мораше да чека дополнителни пет минути пред да го прослави. За мене тоа е многу лошо, целосно би го исфрлил ВАР од фудбалот, – вели Азар.








