Големото градско дерби меѓу Милан и Интер се одигра минатиот викенд, па иако минаа пет дена и јавноста полека се подготвува за новата рунда во Серија А, реакциите од изданието на Лука Модриќ се уште не стивнуваат.
Хрватскиот ветеран имаше нов фудбалски мастерклас на средината на теренот и доби безброј пофалби од голем број легендарни имиња и експерти во италијанскиот етер, но во целиот процес се вклучи и Серија А како официјално натпреварување.
Изминатите неколку дена видовме низа потези кои го одбележаа изданието на Модриќ, но најновото видео кое го сподели Серија А е посветено на фудбалската интелигенција која ја поседува Хрватот.
Огромното искуство и фудбалските квалитети кои ги поседува прават Модриќ да биде ладнокрвен и исклучително мирен во било каква ситуација, па така тој не чувствува притисок и кога е опкружен од пет фудбалери на Интер.
Лука најде решение и измисли празно место за да прогира свој соиграч, па иако акцијата немаше баш добро продолжение, Серија А го издвои неговиот фудбалски мозок во дадената ситуација.








