Без стрес, без гужви - вака компаниите менуваат зимски гуми во 2025

Точка

10/11/2025

12:23

551

Големина на фонт

а а а

Зимата е речиси тука, а со неа доаѓаат и познатите сцени од вулканизерските сервисни центри каде за промена на гуми, потребно е да се закаже денови однапред. А кога се работи за поголема флота на службени возила, работите дополнително се комплицираат. Заради ова возилата честопати остануваат нефикасни по неколку часа, а можеби и денови, а работењето на компаниите е со намален капицитет или во комплетен застој.

Но, оваа година, работите можат да бидат завршени поинаку. АМСМ сервисот за возила има понуда која комплетно го менува начинот на кој компаниите можат да го подготват својот возен парк за зима.

АМСМ акција: Со нови зимски гуми – гратис сервисно возило за промена на ваша локација

Со купени нови зимски гуми, добивате специјално мобилно сервисно возило, кое доаѓа директно на ваша адреса и врши промена на гумите на локација на вашата компанија – брзо, професионално и без прекин во работниот процес.

- Гратис сервисно возило (резервните делови и работната рака се наплатуваат согласно официјалниот ценовник)

- Професионален тим на механичари со современа опрема

- Без чекање, без гужви, без губење време

- Подготвени, безбедни и сигурни возила за новата сезона

Акцијата ваќи до 15.12.2025 и е наменета за компании со сопствен возен парк. Повеќе информации тука.


Зошто зимски гуми?

Поголема безбедност

Зимските гуми се дизајнирани да обезбедат подобра контрола, пократко сопирање и поголема стабилност. Истражувањата покажуваат дека на температура под 7°C, патеката на сопирање со летни гуми може да биде и до 10м.

Освен што ја зголемуваат безбедноста, зимските гуми гарантираат поголема контрола, сигурност и стабилност на патот – нешта што прават голема разлика кога возите на дожд, мраз или снег.

Помали трошоци

Од друга страна, правилната подготовка на возниот парк значи и помалку дефекти, помалку застои и поголема оперативна ефикасност. Штетите предизвикани од намалена стабилност и контрола на возилото, можат да имаат сериозни последици за компанијата, резултирајќи во оштетување на возилата и дополнителни поправки.


Поголема ефикасност на возниот парк

Возилата кои се опремени со соодветни гуми имаат подобра потрошувачка на гориво. Ако се користат летни гуми на ниски температури, материјалот на гумата станува тврд и пука, што предизвикува побрзо трошење и оштетување и тоа не само на гумите, туку и на другите делови на возилот (амортизери, лежишта). Гуми кои се соодветни на сезоната ја продолжуваат долговечноста на возилата и обезбедуваат поефикасна употреба на возниот парк.

Зимски гуми на вашите службени возила, не се само законска обврска, туку пред се прашање на безбедност на вашите вработени на пат, а услугата за нивна замена на локација на вашата компанија е решение кои ќе ви заштеди време и пари.

Комерцијален текст