Докажано е дека постојат анатомски разлики помеѓу мозокот на мажите и жените, а психолозите откриле и „машки“ и „женски“ пристап кон проблемите. Токму тоа го тестира оваа оптичка илузија
Дали човекот трча кон вас или бега од вас открива дали сте добри во извршување само една работа или можете истовремено да се фокусирате на повеќе задачи.

Мозокот е орган кој е постојан предмет на научни истражувања. И лекарите и психолозите ги разгледуваат неговите компоненти и со години дебатираат дали постојат значајни разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок. Знаеме дека има анатомски разлики, но што е со психологијата? Мислењата се поделени, а оваа оптичка илузија ќе ви открие дали вашиот мозок е „машки“ или „женски“.
Првите експерименти биле спроведени уште во 19 век. Познатиот научник Френсис Галтон, кој работел во Лондон, идентификувал неколку области во кои разликите помеѓу жените и мажите може јасно да се забележат во мозокот. Тој открил дека жените се почувствителни на болка, а мажите на стрес. Десет години подоцна, научници од САД ги надополниле овие забелешки. Според нив, мажите полесно се изразуваат и имаат склоност кон црвената боја, додека жените користеле поформален речник и ја преферирале сината боја. Исто така, се покажало дека мажите имаат поголем капацитет за апстрактно размислување, а жените се попрактични во решавањето на проблеми.
Сепак, треба да се потсетиме дека таканаречените машки или женски карактеристики не произлегуваат толку од разликите во структурата на мозокот, колку од процесите на воспитување, образование и културно обликување.
Една од најпознатите публикации на оваа тема е „Мозочен пол“ од авторите Ен Моар и Дејвид Џесел. Таа содржи информации од широк спектар студии за разликите меѓу половите. Некои јасно покажуваат реални разлики во структурата и процесите на размислување, но една студија сугерира дека повеќето од нас се наоѓаат некаде помеѓу овие стереотипи.
Во светот постојат две спротивставени енергии, машка и женска, но тоа не значи дека имаме работа со „машки“ жени или „женствени“ мажи. Тоа е едноставно прашање на тоа како го доживуваме светот. Двете енергии обезбедуваат рамнотежа во универзумот.
Ако гледате човек што трча кон вас
Ако на оваа слика гледате маж што трча кон вас, вие сте личност која умее да решава проблеми. Добри сте во математиката и имате изразено аналитички ум. Тоа се карактеристики на стереотипно „машкиот“ мозок. Вашата најголема сила не е извршувањето повеќе задачи одеднаш, но кога ќе се фокусирате на една работа, сте исклучително успешни.
Ако гледате човек што бега од вас
Ако на сликата гледате маж што бега, вие сте личност која брзо носи одлуки. Но тоа не значи дека реагирате непромислено. Напротив, им верувате на својата интуиција и ја следите кога ќе се појави проблем. Вие сте личност која успешно комбинира повеќе функции и не се плаши од извршување повеќе задачи истовремено. Имате одлична меморија, а вашиот мозок е стереотипно повеќе „женствен“.















