Легендарната актерка од 70-тите, Сибил Шеперд се појавила во јавноста по подолго време и речиси е непрепознатлива.
Некогашната филмска дива, видена била на улиците во Лос Анџелес во опуштено издание.
На лицето носела очила за сонце и впечатлив розов кармин. Шепард, денес 75-годишничка, изгледала смирено и расположено додека шетала со својот асистент.
Иако во последниве години се повлекла од холивудскиот свет, нејзиното име и натаму има посебно место во историјата на филмот и телевизијата.
Од брилијантното деби во филмот „Последната кино претстава“, до култната серија „Месечина“, Сибил оставила голема трага.
Освоила и два Златни глобуси и била номинирана за наградата „Еми“.
Во автобиографијата отворено признала дека постоела доза љубомора кон наградите на Брус.
„Секако дека малку завидував. Кој не би сакал да освои Еми?“, напишала искрено актерката.
Сибил подоцна остварила успех во серијата „Сибил“ каде го толкувала ликот на актерката во средните години и за таа улога освоила Златен глобус. Во поново време се појавила уште во неколку филмови.
Како што сама навела во автобиографијата, токму фотографијата објавена во 1970 гoдина во магазинот „Гламур“ привлекла внимание кај режисерот Питер Богдановиќ. Во текот на снимањето на филмот со него „тие двајца се зближиле и започнале љубовна афера“.
„Знаете – тоа е смешна приказна“, изјавил Богдановиќ во една прилика:
„Многу ме привлече. Се сеќавам на една сцена кога приоѓа и во крупен кадар вели: Што правиш тука во мракот. А, само момент пред тоа ѝ реков: Не знам дали повеќе сакам да спијам со тебе или со Џејси. Поцрвене, а веднаш потоа го снимивме кадарот“.
Неговата тогашна сопруга Поли Плат верувала дека аферата ќе трае само до крајот на снимањето на филмот, но сите се излажале, нивната врска траела, а бракот на Богдановиќ се распаднал.
Иако подоцна раскинале тие останале во добри односи до неговата смрт во 2022 година.
„Тоа што Питер беше мојот прв учител по актерство е благослов “, изјавила Сибил.
„Не постојат зборови со кои би опишала колку ми е тешко поради оваа загуба“.
Денес Сибил се повлекла од малите екрани, а понекогаш може да ја видиме во некоја епизодна улога. Сепак поради тоа што има 75 години и натаму изгледа добро, но годините го направиле своето...













