[ВИДЕО] НАСА: „Да, Ким Кардашијан, бевме на Месечината веќе... 6 пати“

Точка

31/10/2025

15:31

781

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА одлучи да одговори на тврдењата на реалити ѕвездата Ким Кардашијан, која во една неодамнешна епизода од својата серија изјави дека верува дека слетувањето на Месечината во 1969 година било лажирано.

Вршителот на должноста администратор на агенцијата, Шон Дафи, јавно ѝ порача на 45-годишната милијардерка дека астронаутите навистина чекореле по Месечината.

Реакцијата од НАСА пристигна во четвртокот, на 30-ти октомври, кога Дафи се огласи на социјалната мрежа „X“.

„Да, Ким Кардашијан, бевме на Месечината веќе... 6 пати!“, напишал тој, додавајќи го исечокот од епизодата.

Во продолжение на објавата тој ги споделил и постигнувањата на агенцијата: „И уште подобро: @NASAArtemis се враќа под водство на @POTUS. Победивме во претходната вселенска трка – и ќе победиме и во оваа“.

Сомнежи изречени на сетот

Сè започна во најновата епизода на серијата „The Kardashians“, каде Ким снимала сцени за претстојната драмска серија на Рајан Марфи — „All’s Fair“. За време на паузата од снимањето, таа ги изразила своите сомнежи на актерката Сара Полсон.

„Ќе ти пратам, до сега, милион написи и интервјуа со Баз Олдрин и... оној другиот“, рече Кардашијан, мислејќи на покојниот Нил Армстронг.

Додека ги подготвувале за снимањето, Кардашијан го прераскажала интервјуто кое го гледала:

„Една девојка го прашува: ‘Кој беше најстрашниот момент од патувањето?’, а Олдрин одговара: ‘Немаше страшен момент, затоа што тоа не се случи. Можеше да биде страшно, но не беше — затоа што не се случи’“.

Ким ѝ објаснила на колешката дека мисли дека Олдрин (95), бидејќи „остарел“, почнал да дава коментари кои ја навеле да ги преиспита фактите за мисијата „Аполо 11“.

„Поради тоа мислам дека тоа не се случило“, заклучила таа.

Полсон не ги потврдила ниту ги негирала нејзините тврдења, туку рекла дека „во некој момент сериозно ќе се посвети на таа тема“. Откако сцената била снимена, Кардашијан во својата приколка продолжила разговор со еден од продуцентите.

„Мислам дека не сме биле на Месечината. Мислам дека тоа беше лажирано“, повторила таа, додавајќи дека Олдрин „сега постојано го вели тоа во интервјуа“.

„Уверете се самите“

Ким Кардашијан во епизодата јасно ставила до знаење дека не ѝ е грижа што другите мислат за нејзината теорија.

„Ќе кажат дека сум луда без разлика на сè. Но, одете на ТикТок. Уверете се самите“, им порачала на гледачите.


Таа споделила и неколку „докази“ кои, според неа, ја поддржуваат оваа теорија:

„Зошто знамето се вее ако на Месечината нема гравитација? Чевлите во музејот имаат различен отпечаток од оној на фотографиите. И — зошто нема ѕвезди?“...