Хајди Клум повторно докажа дека е кралицата на „Ноќта на вештерките“: Многумина не можеа да поверуваат …

Точка

01/11/2025

14:02

1.340

Големина на фонт

а а а

Германската манекенка и телевизиска ѕвезда Хајди Клум (52) уште еднаш потврди дека со право го носи епитетот „кралица на Ноќта на вештерките“. На својата традиционална забава во „Hard Rock Hotel“ во Њујорк, Хајди се појави во спектакуларен костим на Медуза, кој предизвика вистинска лавина реакции, пренесува „Vogue“.

Костим што го одзема здивот

Оваа година Клум се одлучи за класично чудовиште од грчката митологија — Медуза — но во модерна, визуелно импресивна и застрашувачки реалистична изведба. Нејзиниот рачно направен костим беше целосно прекриен со зелени лушпи кои се протегаа во долга опашка, додека наместо коса од главата ѝ „излегуваа“ подвижни аниматронски змии.

Во придружба на сопругот Том Каулиц (35), кој беше маскиран како скаменет војник, Хајди предизвика вистинско воодушевување и неверица меѓу гостите.


Девет часа подготовка и илјадници реакции

Клум откри дека изработката на костимот траела цели девет часа и дека целиот процес го споделувала со своите следбеници преку „Instagram“. Фановите се обидувале да погодуваат во што ќе се маскира оваа година, но никој не претпоставил дека ќе избере токму Медуза.

Кога конечно го откри својот изглед, социјалните мрежи експлодираа од коментари:

„Секоја година мислам дека не може подобро – но ова е совршенство!“, „Исплашена сум и воодушевена во исто време!“, „Ова е буквално уметност!“


Традиција долга повеќе од две децении

Хајди Клум повеќе од дваесет години организира спектакуларни „Halloween“ забави, секогаш изненадувајќи со инвентивни и раскошни костими. Минатата година беше ликот од филмот „E.T.“, претходно се појави како црв, „Jessica Rabbit“ и вонземјанин — а сега може да се каже дека Медуза е можеби нејзиниот најимпресивен и најуметнички костим досега.