[ВИДЕО] „Македонијо имаш со што да се гордееш“: Македонски танчари станаа светски шампиони на првенството во Словенија

Точка

27/10/2025

18:55

1.503

Големина на фонт

а а а

Танчарите од македонското студио „Eureka Dance Company“ станаа светски шампиони во танц на првенството што се одржа во Љубљана, Словенија.

Второто место исто така го зазеде македонска група, па кога двете екипи застанаа на подиумот, целиот простор беше обоен во црвено-жолта боја додека заедно ја пееја химната.

Шампионите ја изведоа својата кореографија на песната „You Against You“, додека второпласираните настапија на „Учи ме мајко карај ме“.

Видео од прославата на победничките тимови и моментот кога се пееше химната е објавено на Инстаграм профилот на танцовото студио.


„Македонијо имаш на што да се радуваш и со што да се гордееш! Македонската химна се пееше на цел глас, а Љубљана ја обоивме црвено-жолта.

Емотивно е мал збор, испишавме историја. Танцот и љубовта секогаш победуваат! Верувајте во себе и вашите соништа. Ања Јолакоска ни подари парче вистинска бајка“, пишува во објавата.