Најздравото растение кое ги намалува воспаленијата и лошиот холестерол: Го нарекуваат крал на зачините, а од него „стравуваат“ и бактериите

Точка

29/10/2025

08:43

2.417

Големина на фонт

а а а

Ориганото не е само зачин којшто се користи во кулинарството, ова мало зелено растение со векови служи во медицински цели.

Неговата употреба опфаќа од ублажување на настинка и кашлица до поддршка на варењето на храната и здравјето на кожата.

Природен извор на моќни антиоксиданти

Ориганото е богато со антиоксиданти кои ги штитат нашите клетки од оксидативен стрес и го забавуваат процесот на стареење. Споевите како карвакрол и тимол придонесуваат во здравјето на кожата, очите, срцето и мозокот, помагајќи да се чувствувате поенергично и повитално.


Природен антибактериски сојузник

Етеричното масло од оригано е познато по моќното антибактериско дејство. Научните истражувања ја потврдуваат неговата ефикасност против различни бактерии, вклучувајќи ја и Ешерихија коли. Дури и сувото оригано содржи активни супстанции кои го јакнат имунитетот и го штитат дигестивниот тракт.

Борба против воспаленија

Ориганото поседува антифламаторни својства. Неговото етерично масло особено е ефикасно при хронични воспаленија поврзани со артритис, алергии, па дури и со Алцхајмерова болест. Локалната примена на екстрактот од оригано може да ги ублажи акните, псоријазата, убодот од инсекти.

Поддршка на здравјето на дигестивниот тракт

Ориганото го олеснува варењето така што ги опушта мускулите на дигестивниот тракт и помага во оджување на рамнотежата меѓу добрите и лошите бактерии во цревата. Може да помогне при рефлукс, иритација на желудникот.

Растителните антимикроби од ориганото докажано можат да бидат еднакво ефикасни како антибиотици во борбата против SIBO.


Природна заштита од вируси

Истражувањата покажуваат дека етеричното масло од оригано може да го забави ширењето на вируси и да ја зголеми отпорноста на организмот во сезоната на настинки и грипови.

Здравје на срцето

Ориганото помага во намалување на лошото ниво на холестерол, со што ризикот од срцеви болести се намалува. Карвакролот, неговата клучна состојка, ги штити крвните садови и ја подобрува циркулацијата.