Ева Лонгорија изгледала спектакуларно во прекрасна креација со длабоко деколте: „Џебната Венера“ знае дека оваа боја ѝ прилега совршено, а моделот ја издолжува фигурата

Точка

28/10/2025

18:36

551

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија привлекува внимание каде и да се појави, а сега заблеска на настан на „BVLGARI“, каде, како што се очекуваше, беше ѕвезда на вечерта.

Црвениот фустан до подот што прекрасната Ева Лонгорија го носела имал длабок V-израз и тенки прерамки, истакнувајќи ја нејзината совршена фигура. Изгледот го надополнила со впечатлив ѓердан, обетки во боја и класичен „BVLGARI“ часовник.


Гламурозниот изглед бил заокружен со поедноставна шминка, но „главната улога“ ја имал црвениот кармин кој на Ева, и покрај годините, ѝ прилега фантастично. Со толку гламурозен фустан, „очајната домаќинка“ одбрала и едноставна фризура така што фустанот и накитот доаѓале во втор план. Во прв план, како и секогаш, биле нејзината шармантна насмевка и ведрината со која плени. Ни овојпат Лонгорија не носела градник бидејќи моделот на фустанот го барал тоа.


Актерката сподели неколку фотографии од вечерта на „Instagram“, со опис: „Минатата вечер со @bvlgari“. Следбениците веднаш ја преплавија секцијата за коментари, а многумина ја нарекоа „волшебна“. Еден корисник напиша: „Црвената е нејзина боја… на Вистерија Лејн и секаде каде што оди“, а друг додал: „Апсолутно го обожувам овој изглед!“.

Ева веќе неколку пати сме ја виделе во црвени фустани и секогаш изгледала спектакуларно.