Вниманието на јавноста го привлекла и една убавица која со својата гламурозна креација го оживеала викторијанското доба.
Најголемите имиња на модата и светот на филмската индустрија се здружиле за ревијата „Vogue World: Hollywood“.
Актери, манекенки, костимографи, филмски режисери и големи модни магови биле дел од големиот спектакл којшто сите ги изненадил пријатно, и оние кои биле присутни и оние покрај малите екрани.
Покрај Никол Кидман, Кендал Џенер, Хејли Бибер, вниманието го привлекла една убавица која со својата гламурозна креација го оживеала викторијанското доба.
Станува збор за унгарската манекенка Барбара Палвин која блескала во бел корсет фустан со златни, цветни детали. Креацијата ја истакнала нејзината неверојатна фигура на тело, а за да го надополни својот специфичен стајлинг, додала сведени аксесоари, како и шминка во розови тонови.
Косата ѝ била стилизирана во крупни и густи локни, а целокупно изгледала магично.
Друштво на овој настан ѝ правел сопругот Дилан Спраус којшто е нејзин верен обожавател. Тој носел класичен црн костум и очила во ретро манир.
Ви се допаѓа ли модната комбинација на славната манекенка?








