[ФОТО] За неа велат дека го има најубавото природно деколте во Холивуд: Актерката прошетала во совршен стајлинг, присутните ја гледале со восхит

Точка

28/10/2025

08:25

1.560

Големина на фонт

а а а

Свини заблескала во црниот фустан со големо деколте којшто дал заводлив впечаток пред присутните.

Славната актерка Сидни Свини го истакнала своето препознатливо деколте, за кое луѓето велат дека моментално е најдобро во Холивуд, а таа овојпат се појавила на петтата годишна гала-вечер во Академскиот музеј во Лос Анџелес, пишува „Daily Mail“.


28-годишната актерка која моментално го промовира својот нов филм „Christy“, се појавила со Хејли Бибер основачка на брендот „Rhode“ и 23-годишната ѕвезда од серијата „Wednesday“, Џена Ортега.

Вечерта била посветена на оддавање почит на бројни славни лица, вклучувајќи ги и Брус Спрингстин, Бовен Јанг и Пенелопе Круз.

Свини заблескала во црниот фустан со големо деколте и била една од главните ѕвезди на вечерта.


Русокосата актерка носела сандали на висока потпетица, а косата ѝ била стилизирана во елегантна пунџа, додека прамените убаво ѝ паѓале по лицето.

Минималните додатоци дозволиле фустанот да биде во прв план, а од накит носела мали сребрени обетки и впечатлив прстен на раката.

Актерката која моментално е во врска со музичкиот могул Скутер Браун, позирала насмеана пред фотографите при доаѓањето на холивудски настан.


Ви се допаѓа ли модната комбинација?