Зошто оваа сабота треба да дојдете во ФОЈА?

Точка

24/10/2025

13:37

811

Големина на фонт

а а а

Сончево време, зелена енергија и илјадници растенија што ве чекаат во градинарскиот центар ФОЈА. Оваа сабота нека биде поинаква. Не само дел од викендот, туку ден за мир, инспирација и поврзаност со природата.

Во најавите стои сончево и топло време, совршено за прошетка до Градинарскиот центар ФОЈА, место каде што природата и градот се спојуваат во едно. Време е да го пронајдете растението што одамна сте го посакувале, да вдишете свеж воздух и да поминете време меѓу илјадници растенија што ќе ве пречекаат со својата убавина.


Нека ова не биде само уште една сабота. Нека биде ден исполнет со убава енергија, тишина и момент на спокој што толку често ни недостига во секојдневниот ритам. Ден исполнет со убава енергија, поврзаност со природата, инспирација и спокој.

Во време кога сите копнееме по природен баланс, ФОЈА е вистинското место за бегство од градската брзина. Тука, меѓу листовите и цветовите, ќе го пронајдете она чувство на хармонија што ве враќа кон себе.


Земете го партнерот, најдобриот пријател или целото семејство и дозволете си ја авантурата наречена ФОЈА.

Овде можете да најдете: Широк асортиман на растенија: зимзелени декоративни садници, листопадни дрвја, цветни грмушки, сезонски цветен расад, перени, овошки и дрвја/грмушки. Од јавори со црвена боја во есен кои ги пленат сите погледи... Миризливи Липи ..брези , дабчиња или пак некои невообичаени видови како на пример Ариш? Дополнително градинарски додатоци: саксии, тресет, ѓубрива, семе за трева, зачински билки.


Доколку имате двор, тераса или сакате да внесете зелена нота во домот во ФОЈА може ги добиете најдобрите совети за одгледување и садење на растенија, како и за пејзажно уредување на најразлични простори.


Комерцијален текст