[ФОТО] Швајнштајгер поради Ана ја оставил пред цела Германија, а сега има нов партнер – богаташ, кој изгледа вака! 10 години по болното раскинување, конечно среќна во љубовта

Точка

24/10/2025

10:15

4.488

Големина на фонт

а а а

Деценија по бурното раскинување со Бастијан Швајнштајгер, Сара Бранднер има нов партнер. Еве кој е мажот што успеа да ја освои. Дали е сличен на нејзиното поранешно момче?

Бастијан Швајнштајгер (41) и Сара Бранднер (36) биле во врска од 2007 до 2014 година. Додека се играло Светското првенство во Бразил пред 11 години, на кое прочуениот Швајни учествувал, романсата сè уште траела, а потоа тие се разделиле неколку недели подоцна, и таа продолжила да се занимава со моделинг, пишува bunte.de.


Врската на Сара и Бастијан била вистинска сензација во Германија и голем медиумски бум, а поранешните партнери биле фотографирани заедно безброј пати.


Бастијан и Сара биле омилен пар во Германија, а кога дошло до раскинувањето, Швајни се нашол на мета на критики. Неговите фанови не можеле да се помират со крајот на нивната љубовна приказна. Многумина во Германија ја гледале убавата Сара како совршена сопруга за Швајни.


Врската траела седум години, за потоа да заврши бидејќи поранешниот германски фудбалер нашол нова љубов, Ана Ивановиќ, за која се ожени во 2016 година. Јавноста во Германија во почетокот не ја гледала со благонаклонетост таа романса, но потоа работите се промениле.


Германците навистина ја засакаа Ана. Тие внимателно ја следеа бурата околу нивниот развод, кој беше изненадување и за тамошната јавност. Бастијан Швајнштајгер е во врска со оваа Бугарка, и таа романса е сигурно неговата најконтроверзна врска досега.


Сара Бранднер неодамна се појави во јавност по подолга пауза. Фановите коментираат дека денес изгледа подобро отколку порано, па можеби за тоа е заслужна љубовта.


Сара на Октоберфестот го претстави својот нов партнер, германскиот бизнисмен Кристијан Хајмер, кој заедно со сестра си го наследил семејниот бизнис, компанија што произведува кампери. Тој е сопственик на шик хотел на Бали, а Сара за „Bunte“ за врската на далечина изјавила: „Постојат две страни. Неверојатно сте среќни кога повторно се гледате, но мора да внимавате да не бидете раздвоени предолго, инаку се одвикнувате.“


Сара повторно љуби свој земјак. Некогаш со Бастијан уживала на Октоберфестот, а потоа старата љубов паднала во заборав, па Кристијан ѝ станал придружник на оваа прочуена манифестација.


Кристијан Хајмер досега не објавувал фотографии со Сара на Инстаграм, но на оваа социјална мрежа, по веста за нивната врска, не можат да се видат ниту неговите слики со било која друга жена. На неговиот профил доминираат фотографии од ноќен живот и од Бали, кое го фасцинира.