Дебора Ли Фурнес, поранешната сопруга на Хју Џекмен, еднаш дала шеговит коментар за нивниот брак којшто привлекол огромно внимание.
Тие двајца биле во брак 27 години пред во 2023 година да се разведат. Во интервју од 2013 година Фурнес објаснила дека со Џекмен се чувствувала како „постојано да има афера“.
На таа изјава ја натерало тоа што тој често го менувал својот изглед како последица на филмските улоги. Без оглед на ведриот тон на нејзиниот коментар, денес тој звучи злобно поради неговите неверства кои биле причина за крај на нивниот брак.

Во истото интервју за магазинот „Town & Country“ од 2013 година, Фурнес говорела за својата наклонетост кон Џекмен, па дури и додека неговиот изглед го менувал за секоја улога.
На прашањето дали повеќе го сака Џекмен со неговата препознатлива брада, рекла: „Да, но го сакам и без неа“.
„Го сакам на сите начини: буцкаст, слаб, мускулест... Како постојано да имам афери. Немојте ова да го ставате на насловна страница“, изјавила таа.
Нејзиниот коментар шеговито навестил дека различните изгледи на Џекмен создаваат како секојпат да е со различна личност, што за неа работите ги правело возбудливи.
Парот се запознал во 1995 година додека работеле на серијата „Corelli“ каде хемијата меѓу нив била моментална. Често во текот на бракот говореле за својата моќна поврзаност и меѓусебната поддршка низ падовите и подемите на нивните кариери. Тие останале во брак речиси три децении, пред во 2023 година да објават дека се разведуваат.
Во заедничка изјава по повод разводот истакнале:

„Благословени сме што поминавме речиси три децении заедно како маж и жена во прекрасен брак полн со љубов. Нашето патување сега се менува, одлучивме да се разведеме за да продолжиме со нашиот индивидуален раст“.
По разводот Џекмен е во врска со колешката Сатон Фостер со која глумел во мјузиклот „The Music Man“ во 2022 година.







