Контроверзната американска раперка и пејачка Азеалија Бенкс повторно предизвикала лавина реакции на интернет, откако во една изјава ја споменала Босна и Херцеговина – и тоа во крајно непријатен контекст.
На снимката што се прошири на социјалните мрежи, новинар ја прашал дали би го препорачала местото каде што се наоѓа за посета, а Бенкс, во нејзиниот препознатлив стил, одговорила: „Да, мислам, не сме во е*аната Босна. Мислам, ова не е Палестина.“
— Azealia Banks INFO 🧜🏾♀️ (@AZEALIA_INFO) October 21, 2025
„Кој ѝ даде интернет на Босна?“
Откако снимката заврши на Твитер, еден корисник на шега состави список со „100-те најдобри караници на Азеалија“, меѓу кои – ни повеќе ни помалку – се најде и Босна. Самата раперка не остана должна и на објавата одговори со прашањето: „Кој ѝ даде интернет на Босна?“.
Who gave Bosnia the internet? https://t.co/67Ant6XWMy
— Azealia Banks (@iiwasinthee212) October 23, 2025
Од вирален хит до интернет хаос
Азеалија Бенкс не е непозната на јавноста кога станува збор за контроверзни изјави. Уште од моментот кога во 2011 година стана глобална сензација благодарение на хитот „212“, Бенкс, покрај својот музички талент, покажа и склоност кон конфликти – особено на социјалните мрежи.
Со текот на годините, успеала да се скара со речиси половина од музичката индустрија: со Иги Азалеја, Ники Минаж, Карди Би, Илон Маск, Лана Дел Реј и многу други. Поголемиот дел од тие конфликти започнувале на Твитер или Инстаграм, каде што Бенкс често јавно ги напаѓа своите колеги – и тоа многу директно, а понекогаш и навредливо.

„Забранета“ повеќе пати
Нејзините испади не поминале без последици. Твитер повеќепати ја суспендирал поради објави што содржеле хомофобни, расистички и трансфобни навреди. Сепак, и покрај бројните забрани и критики, Бенкс останува култна фигура на алтернативната музичка сцена – ексцентрична, непредвидлива и секогаш подготвена да го „запали“ интернетот. Додека нејзините музички проекти често се пофалени поради храбрата комбинација на хип-хоп, хаус и електроника, Азеалија Бенкс како да со ист интензитет привлекува и обожаватели и хејтери.









