[ФОТО] Македонскиот ТВ водител не ја крие среќата пред една од најважните улоги во животот: „Џабе ти е живот ако нема за кој да го живееш“

Точка

24/10/2025

11:22

1.436

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните македонски ТВ водители, Миро Кацаров, и неговата сакана партнерка Ивана споделија преслатки фотографии од семејната фотосесија кои ќе ви ги разнежат срцата.

Миро и прекрасната Ивана не ја кријат својата љубов која силно ги поврзува, а парот стапи во брак пред две години и очигледно е дека живеат семeјна идила.

Годинава нивното семејно стебло ќе се збогати за уште еден член, а Миро и Ивана ќе станат родители на момче за кое претходно открија дека ќе го добие името Тадеј.

Неполн месец пред раѓањето на синчето, сопружниците направиле фотосесија, а фотографиите ги споделиле на социјалната мрежа Инстаграм каде внесоа зрак топлина и ведрина кај сите оние кои ги видоа.

„Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“, напишал водителот под објавените фотографии.


На фотосесијата присуствувала и преслатката Миа која е ќерка на Ивана од претходниот брак, а за која Миро неретко знае да каже колку ја обожава и сака, како да е негово дете.

На Ивана и Миро им посакуваме уште посреќни денови во нивните животи и максимално уживање во една од најголемите животни титули – родителството.