Доколку ве мачи упорна кашлица, хранете се вака и ќе помине побрзо: Список на намирници кои одредуваат колку ќе траат вашите непреспиени ноќи

Точка

23/10/2025

13:15

958

Големина на фонт

а а а

Исхраната е еден од најважните фактори за брза победа над вирусите и бактериските инфекции, па и за најобичната настинка, а доколку јадете забранети намирници очекувајте кашлицата да трае подолго.

Сезоната на вируси и настинки е започната и доколку имате чувство дека баш секој околу вас кашла – веројатно не грешите.

Кашлицата вообичаено е меѓу првите симптоми на болеста, а често и последен и нѐ мачи долго откако ќе почнеме да се чувствуваме подобро затоа што треба време да ја исфрлиме слузта.

Упорната кашлица може да биде многу фрустрирачка, особено кога трае со денови или недели. Иако лековите кои се издаваат без рецепти и домашните лекови можат да помогнат, вашата исхрана има клучна улога во ублажување на кашлицата.

Одредени намирници можат да го смират грлото, да го зајакнат имуниот систем и да го забрзаат закрепнувањето, додека пак други да ја влошат иритацијата и да ги продолжат симптомите.

Затоа, важно е да се грижите што јадете и пиете додека трае кашлицата.


Топли супи и чорби

Топлите течности како пилешка супа или чорба од зеленчук или пилешко се одлични за смирување на иритираното грло. Помагаат во одржување на хидратацијата на организмот, го „подмачкуваат“ грлото, ги намалуваат воспаленијата и ја разредуваат слузта, што го олеснува нејзиното исфрлање.

Неколку топли супи исто така може да го ублажат затнатиот нос којшто често ја следи кашлицата, па нема да погрешите доколку јадете супа.

Мед

Медот е природен лек за кашлицата и има антимикробни својства кои можат да помогнат во борбата против инфекции.

Измешајте лажичка мед во топла вода или чај, па пијте повеќе пати во текот на денот додека грлото не се смири и не се намали кашлицата.

Ѓумбир

Кога и да се зборува за храна која треба да ја консумирате додека сте болни, ѓумбирот едноставно е задолжителен. Тој е моќен антифламатор и антиоксидант којшто може да помогне во ублажување на иритацијата на грлото и намалување на кашлицата.

Може да го џвакате свеж, да го додадете во чај или да го користите во готвењето поради неговите лековити предности.

Млеко од куркума

Куркумата содржи куркумин, соединение познато по своите антифламаторни својства кои го јакнат имуниот систем, па затоа „златното млеко“ од куркума е многу популарно како лек.

Помешајте лажичка прав од куркума во топло млеко и испијте го пред спиење за да ја ублажите кашлицата.


Цитруси

Портокали, лимони и грејпфрут се богати со витамин Ц, моќни антиоксиданти кои го јакнат имунитетот и помагаат организмот да се бори против инфекциите.

Исцедете свеж сок од лимон во топла вода со мед и испијте го напитокот.

Овесна каша

Лесна, едноставна и блага овесна каша која лесно се голта кога ве боли грлото е полна со хранливи материи како растителни влакна и цинк кои ја поддржуваат имунолошката функција.

Додадете малку мед или цимет за дополнително ублажување на кашлицата, а бобинките ќе додадат подобар вкус и дополнителна доза на антиоксиданти, витамини, минерали и растителни влакна.