[ВИДЕО] Лекар предупредува: Еден додаток во исхраната никогаш не би го земал, може да има штетни последици

Точка

21/10/2025

21:14

1.399

Големина на фонт

а а а

Лекар од Обединетото Кралство, познат под името д-р А, стекна популарност на ТикТок споделувајќи едноставни и практични здравствени совети. Во едно од неговите најгледани видеа, тој откри кој додаток во исхраната никогаш не би го консумирал, без оглед на годишното време.

Со доаѓањето на постудените денови, многумина посегнуваат по разни додатоци со цел да го зајакнат имунитетот и да ги избегнат сезонските настинки. Сепак, д-р А предупредува на еден додаток кој го смета за сосема непотребен, па дури и потенцијално штетен. Станува збор за мултивитамински препарати. Лекарот објасни дека повеќето луѓе всушност немаат потреба да земаат мултивитамини, бидејќи балансираната исхрана обично обезбедува сè што му е потребно на телото во однос на витамини и минерали.

"Ако ја погледнете задната страна на пакувањето, ќе видите дека многу мултивитамини содржат повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза за речиси сите состојки, а тоа може да биде опасно. Особено кога станува збор за витамини кои се складираат во телото, како што се витамините А и К", изјави лекарот во видеото.


Во описот на објавата дополнително нагласи дека неговите совети се исклучиво од едукативен карактер, но предупреди дека прекумерното консумирање на вакви додатоци може да предизвика здравствени проблеми, особено кај инаку здрави луѓе.

Зошто ги смета за опасни

Лекарот објасни дека за многу витамини не е потребно да се внесуваат 100 проценти од препорачаната дневна доза, а камоли повеќе од тоа. Посебно го истакна ризикот од прекумерен внес на витамини А и К, бидејќи тие се растворливи во масти и телото ги задржува подолго време.

"Преголема количина витамин А може да доведе до проблеми со црниот дроб, оштетување на коските и нарушувања во коагулацијата на крвта. Ист проблем може да настане и со вишок витамин К. Тоа може да го зголеми ризикот од крварење или да ја наруши нормалната коагулација", предупреди тој.


Како природно да се внесуваат витамините А и К?

Витаминот А може да се внесе преку исхраната, и тоа преку секојдневни намирници како што се сирење, јајца и масна риба. Според насоките на британскиот Национален здравствен систем („NHS“), возрасните мажи треба дневно да внесуваат околу 700 микрограми витамин А, а жените околу 600 микрограми. Овие количини најчесто може да се обезбедат преку избалансиранo дневно мени.

И витаминот К е лесно достапен преку храната. Потребната количина зависи од телесната тежина, а препораката за возрасни е околу еден микрограм витамин К дневно за секој килограм телесна маса. Овој витамин се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, како што се спанаќ и кељ, како и во растителните масла и одредени видови житарки.