Кевин Федерлајн во својата книга „You Thought You Knew“ напишал дека парите кои ги добил од својата поранешна партнерка, Бритни Спирс, не биле онолку колку што луѓето мислеле, пишува „Daily Mail“.
Откако Бритни поднела барање за развод во ноември 2006 од Федерлајн, со којшто ги добила синовите Шон и Џејден, Федерлајн добил 20.000 долари месечно за издржување на децата.
Покрај тоа добил дополнителни 20.000 долари месечно за алиментација. Како што објавил „Forbes“ во 2021 година, нето вредноста на пејачката тогаш изнесувала 57 милиони долари.
Мемоарите „You Thought You Knew“ откриваат многу интимни детали на поранешниот брачен пар, а книгата треба да биде објавена на 21 октомври.
Во книгата Федерлајн исто така присетува на моментот кога дознал дека Спирс поднела барање за развод. Продуцентите му ја откриле веста додека го промовирал својот албум во „MuchMusic“ во Канада.
„Мозокот едноставно ми се блокираше... Морав да изгледам како елен вкочанет пред светлата на автомобилот, гледајќи во типот како да кажал нешто на некој непознат јазик. Првата помисла ми беше: Што зборуваш? Никој ништо не ми кажал.. Така го дознав тоа“, открил Федерлајн.
„Тоа беше јавно рушење на мојот живот, среде излегување на мојот албум. Подоцна Спирс тврдеше дека правно ѝ било советувано да поднесе барање за развод пред јас да го направам тоа. Нејзиниот ПР тим мислеше дека по раскинувањето со Џастин Тимберлејк лошо би изгледало повторно да биде напуштена“, напишал тој.
Федерлајн во октомври 2007 година добил поголем дел од старателството над Шон и Џејд, а Спирс својата последна уплата на поранешниот сопруг му ја исплатила во ноември 2024 година. Освен децата со пејачката, Федерлајн ја има и ќерката Кори и синот Кејлеб со поранешната девојка Шар Џексон, а исто така ја одгледува и ќерката на Џордан и Пејтон со сопругата Викторија Принс со која се венчал во 2013 година.