Хари Кејн име 32 години што значи има поминато низ многу предизвици во досегашниот дел на кариерата, позитивни и негативни работи.
Кејн важи за еден од најдобрите светски напаѓачи, играч кој „испорачува“ како на клупски така и на репрезентативен план, меѓутоа понекогаш има работи кои се случуваат и мора да ги прифатите. Англискиот голгетер го издвои најлошиот момент во досегашното „патување“, а тоа е промашениот пенал против Франција на Светското првенство во Катар.
- Би рекол дека тоа беше веројатно најлошото што го почувствував во кој било момент. Очигледно сум губел финалиња и претходно. Да имаш таква одговорност, речиси се чувствуваш како да паднала на моите рамена и претпоставувам дека не сум во можност да изведам нешто што сум можел да го изведам многу пати во мојата кариера… Мислам дека тоа беше најтешкиот дел за обработка и прифаќање.
- Научив од тоа, начинот на кој ме мотивираше да станам уште подобар и да се подобрам, не само од аспект на пеналот во однос на подобрување на мојата техника, туку и како играч во целина. Да знам дека сакам да се вратам таму, сакам да ѝ помогнам на Англија да се врати таму, -вели Хари кој се надева дека ќе дојде до бројката од 100 голови во националниот дрес.
- Мислам дека е таму. Според тоа како се чувствувам во моментов, не забавувам наскоро. Сакам да останам на ова ниво колку што можам подолго. Сега сум на 76, така што остануваат 24, а имаме уште неколку натпревари до Светското првенство, а потоа ќе се обидеме да се приближиме до тие 100.
- Исклучително сум горд што го срушив рекордот на Руни и сега што продолжувам напред како што одам. Тешко е да се процесира додека сè уште играм. Во животот секогаш се работи за следниот момент и следниот камп, следниот натпревар. Свесен сум дека тоа е посебно достигнување. Ќе бидам гладен за што е можно повеќе голови и ќе видиме колку далеку можам да одам.