Илкај Гундоган е еден од играчите кој може да се пофали дека соработувал и играл под водство на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, двајца тренери кои ја одбележаа оваа модерна ера во фудбалот.
Сигурно има уште некои имиња кои можат да се споменат, но Пеп и Јирген оставија силен белег и тоа со повеќе клубови, Шпанецот со Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, додека Германецот со Борусија Дортмунд и Ливерпул.
Двајцата имаат своја филозофија, свој систем на игра, а Илкај како човек кој добро ги познава и знае како функционираат, избра еден од нив.
- Морам да бидам искрен и да му одговорам Пеп поради она што го постигнавме заедно, доминацијата.
- Имавме огромен успех во Дортмунд и ми се допадна тој тип на фудбал. Го ценам Јирген многу како менаџер и како човек. Секој пат кога се гледавме, дури и со Ливерпул, се прегрнавме силно како татко и син.
- И двајцата имаа големо влијание врз начинот на кој се покажав, но со Пеп чувствувам дека тактичката гледна точка, играта со посед на топката, ми е малку појасна отколку транзицискиот фудбал, - порача членот на Галатасарај.