Челси остана без клучен играч на подолг временски период

Дерби

17/10/2025

13:28

209

Големина на фонт

а а а

Челси овој викенд го отвара новото коло во Премиер лигата и тоа со гостување на „Сити Граунд“ кај Нотингем Форест.

„Шумарите“ се тим кој е непропознатлив во оваа сезона, тим кој има многу лоши резултати, па сигурно ќе биде мотивиран таа серија да биде прекината против Челси кој пак има свои грижи, проблеми околу играчкиот кадар.

Некои играчи се неизвесни, а дефинитивно недостапен ќе биде Кол Палмер за кого се сметаше дека ќе биде фит и ќе може да игра по репрезентативната пауза.

- Згрешив за Палмер. За жал, тој треба да отсуствува уште шест недели. Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што можеме. Најважно е кога ќе се врати, да биде целосно подготвен. Медицинскиот персонал не е магионичар. Се надеваме дека шест недели се доволни. Треба да го гледаме тоа чекор по чекор. Сигурно, тој ќе биде добро.

- Колвил и Делап сè уште се во аут. За жал, Беноа [Бадијашил] ќе биде надвор од терените до декември, поради мускулен проблем. Ќе го чекаме. Мои (Каиседо), Енцо [Фернандез] и Педро не учествуваа на вчерашната тренинг сесија. Ќе видиме дали можат да тренираат денес. Рис [Џејмс] е добро, тој е целосно подготвен, - обелодени менаџерот Енцо Мареска.